Лацио доживеа историско фијаско: Продаде само 4.000 сезонски билети!

Продажбата на сезонските билети на Лацио за сезоната 2026/27 заврши со катастрофален резултат, односно досега беа продадени само 4.000 билети.

Римјаните продадоа само 4.000 билети, а тоа е убедливо најлоша бројка откако Клаудио Лотито е претседател на клубот.

Минатата сезона беа продадени дури 29.918 сезонски билети, но пред почетокот на новата сезона навивачките групи организираа бојкот против Лотито.

Ултрасите најавија дека во текот на сезоната ќе бидат присутни на „Олимпико“ само на градското дерби против Рома, додека екипата ќе ја следат на гостувањата.

Фото: S.S. Lazio/Facebook