Шпанската полиција брутално претепа навивач на Барселона (ВИДЕО)

Барселона ја отвори сезоната со триумф од 5-0 против Елче, но пред стадионот се случуваше вистинска драма, при што полицијата се судри со навивачите.

Шпанските медиуми пишуваат дека полицијата почнала да одзема симболи од Каталонија, а потоа претепала еден навивач на Барселона.

Момчето по интервенцијата на полицијата завршило во болница на медицински преглед, а по инцидентот се јави и Барселона кој ја осуди реакцијата на полициските службеници.