Трагедија во Романија: Светска вицешампионка почина во сон - имаше само 19 години!

Талентирана теквондистка и светска вицешампионка, Изабел Сава, ненадејно почина во сон на само 19-годишна возраст.

Младата Романка живеела со своите родители во близина на Лондон и била нивно единствено дете. Според нејзините роднини, Изабел во текот на ноќта доживеала срцев застој. Лекарите со часови се обидувале да ја спасат, но за жал не успеале. Нејзината ненадејна смрт особено го потресла семејството, бидејќи Изабел била млада и исклучително активна спортистка. Во текот на животот имала направено повеќе детални лекарски прегледи, поради што веста за нејзината смрт била уште потешко прифатена.

Теквондото било нејзината најголема љубов. Со овој спорт се занимавала повеќе од десет години, а со напорна работа и тренинзи стигнала до црн појас втор дан. Најголемиот успех го остварила во 2022 година, кога настапила на Светското првенство во теквондо во Холандија. Тогаш освоила сребрен медал во спаринг, потврдувајќи го својот огромен талент и на светската сцена.