РК Вардар го претстави гостинскиот дрес - инспириран од 65. роденден на клубот! (ФОТО)

Ракометниот клуб на Вардар денеска го промовираше новиот гостински дрес со кој ќе настапува во престојната сезона.

Од клубот велат дека дресот е инспириран од 65. роденден на клубот и на него има златна симболика.

На дресот е и логото од Лигата на шампионите, натпреварување на кое Вардар му се враќа и кое двапати го освојуваше досега. 

Дресот наскоро ќе се најде и во продажба.