Адеми ја напушта Унгарија и се враќа во Хрватска!?
Адеми оваа сезона настапи само на еден натпревар, на кој одигра 26 минути, па наскоро би можел да се врати во Хрватска, каде што претходно со години го носеше дресот на Динамо Загреб.
За услугите на искусниот фудбалер се заинтересирани две екипи, а тоа се Рудеш и Горица. Во моментов најблиску до потписот на Адеми била Горица, но засега нема преговори меѓу двете екипи.
Адеми од минатото лето е во Ујпешт, а претходно играше за кинески Гуан, Локомотива Загреб, Динамо Загреб и Шибеник.
Фото: gnkdinamo.hr