Норис победи во Холандија, втор триумф во оваа сезона! (ВИДЕО)

Возачот на Мекларен, Ландо Норис победи на трката за Големата награда на Холандија која се возеше на патеката Зандворт, домашниот возач Макс Ферстапен предвреме ја заврши трката.

Трката беше во сенка на големиот инцидент на Макс Ферстапен кој сакаше да покаже најмногу пред своите сонародници, но многу рано ја заврши трката.

Уште при крајот на вториот круг Ферстапен изгуби контрола врз својот болид и се удри во оградата, летаа парчиња на сите страни, па трката беше во прекин, се појавија црвените знамиња.

По исвесно време трката продолжи, а Норис извозе одлично, ја презема првата позиција од Антонели, ја задржа и прв ја мина целта.

Втор беше Антонели, а место на подиумот имаше и за Џорџ Расел.

Во топ 10 место имаше и за Луис Хамилтон, Шарл Леклер, Оскар Пјастри, Лиам Лоусон, Нико Хулкебнберг, Фернандо Алонсо и Пјер Гасли.