Вчера им донесе победа, денеска го претставија како ново засилување! (ФОТО)

Младиот Карлос Еспи синоќа со гол во 90. минута му донесе победа на Реал Мадрид од 2-1 над Еспањол во првото коло од новата сезона во Ла Лига, а денеска официјално беше презентиран како ново засилување за кралскиот клуб.

Еспи во овој преоден рок пристигна од Леванте, иако го потпиша договорот, беше регистриран и играше во првото коло, Реал Мадрид дури денеска официјално го потврди трансферот.

Фудбалерот денеска беше претставен и сликан со Флорентино Перез. Тој имаше фото сесија и церемонијално потпишување на договорот.

Еспи стави потпис на петгодишен договор со Реал Мадрид според кој во клубот ќе остане до јуни 2031 година.