Ружди Рустемовски не ја мина првата пречка на Медитеранските игри

Боксерот Ружди Рустемовски беше поразен во својот прв настап во категоријата до 65 килограми каде што загуби од српскиот натпреварувач, Дмитриј Артјомовиќ Горбенко.

Горбенко беше доминантен во рингот, а до победата дојде откако судијата ја прекина борбата во втората рунда.

Рустемовски двапати беше соборен на подот за по третиот пат во втората рунда судијата да прогласи победа на српскиот натпреварувач.

Македонија ќе потсетиме ќе има претставник во четвртфиналето бидејќи вчера Ален Рустемовски беше подобар во својата борба од босанскиот боксер Михајло Декиќ.

Фото: Rusoto Rustemovski/FB