Џабе биле скапите засилувања: Тотнем доживеа катастрофа против Брентфорд
Брентфорд успеа да го шокира Тотнем по само 12 минути со голот на Луис-Потер, а набрзо Витали Јанелт зголеми на 2-0.
Избраниците на Роберто Де Зерби беа целосно надиграни на теренот, а Кајоде во 49. минута зголеми на 3-0, по што Тотнем можеше да доживее и уште поголема катастрофа, но за нивна среќа Тиаго промаши пенал.
Тотнем ова лето реализира неколку големи трансфери како Сандро Тонали (108 милиони евра), Матеуш Фернандез (99 милиони), Ван Хеке (60 милиони), но разочара на самиот старт.
Головите од натпреварот може да се погледнат ТУКА.
Фото: Brentford FC /Facebook