Трагедија: Бивш фудбалер на ВБА почина среде натпревар! (ФОТО)

Голема трагедија го потресе светот на фудбалот, откако 25-годишниот Куевин Кастро починал за време на натпревар во Португалија.

Кастро се онесвестил на теренот во 10. минута против Естрела Амадоре, по што медицинските екипи реагирале веднаш, но не успеале да му го спасат животот.

Фудбалерот имаше само 25 години, а во кариерата играше за ВБА, Јорк сити, Кембриџ сити и други екипи на Островот.

Фото: Facebook/West Bromwich Albion