Ланс во меч со седум голови го уништи Осер

Фудбалерите на Ланс остварија убедлива победа против Осер (5-2) во првото коло од француската Лига 1.

Туван во 12. минута погоди од пенал за предност од 1-0, а проблемите за гостите почнаа со црвениот картон на Макосо во 35. минута.

Ивановиќ и Абдулхамид на стартот на вториот дел стрелаа за предност од 3-0, по што гостинскиот тим намали преку Намасо од пенал (1-3).

Ганиу набрзо ја зголеми предноста на домаќините на 4-1, а конечниот резултат го постави Туван од пенал во финишот од средбата.

Фото: Lens/Facebook