Каков старт на Серија А: Чалханоглу постигна спектакуларен гол против Монца (ВИДЕО)

Актуелниот италијански шампион Интер ја отвора сезоната во Серија А против Монца, а уште на почетокот на натпреварот во листата на стрелци се запиша Хакан Чалханоглу.

Турскиот фудбалер во шестата минута од натпреварот испрати „бомба“ кон голот на гостите и успеа да го матира голманот на Монца, а дефинитивно овој гол ќе конкурира за еден од најдобрите во сезоната.

Фото: Facebook/Inter