Артета: Сакаме да се кренеме на уште повисоко ниво!
Топчиите моќно ја отворија новата сезона, откако со 3-0 го победи Манчестер Сити во Комјунити Шилд, со ист резултат го совладаа и Ковентри.
„Исклучително сум среќен. Имаше многу позитивни работи во таа игра уште од самиот почеток. Мислам дека бевме навистина доминантни, одлично поврзани меѓу себе – топката одеше од едната на другата страна многу брзо. Играчите настапија со јасна цел и решителност да ја задржат контролата на теренот“, рече Артета по натпреварот.
„Не беше само резултатот, туку и прикажаната игра што беше навистина импресивна. Сè уште има многу простор за напредок во повеќе сегменти. Сега ќе имаме неколку дена за тренинг со дел од играчите кои досега немаа вистинска можност за тоа“.
„Едвај чекам да се подготвиме за следниот натпревар. За време на претсезоната имаме три различни групи со доаѓањето на репрезентативците и ќе ја искористиме оваа прилика да се кренеме на уште повисоко ниво.“