Вардар се помачи, но го реши Тримо за финале во Охрид
Долго време натпреварот беше во егал, на полувремето се замина со 11-11, меѓутоа Вардар во второто полувреме успеа да го скрши отпорот и да дојде до победа вредна финале.
Вардар така стигна до шест бода и го обезбеди првото место во „А“ групата кое носи во финалето. Во финалето Вардар ќе го чека победникот од натпреварот кој се игра вечерва помеѓу Охрид и Загреб во „Б“ групата.
Еден од најважните за победата на Вардар беше голманот Гогов кој средбата ја заврши со 14 одбрани, додека Да Силва се истакна со шест погодоци, го следеше Љевар со еден помалку.