Реал нема играчи од академијата во првиот тим, но од нив летово заработи 200 милиони евра
Најголемиот дел од сумата доаѓа од продажбата на Нико Паз, за кого Реал Мадрид инкасирал сума која, во зависност од бонусите и условите во договорот, се движи меѓу 60 и 66 милиони евра.
Покрај Паз, Реал оствари приходи и од трансферите на Гонзало Гарсија, Сезар Паласиос, Џејкоб Ортега и уште неколку фудбалери кои својот фудбалски развој го започнале во академијата на мадридскиот гигант. Дополнителен приход за клубот доаѓа и од трансферите на Виктор Муњоз и Алекс Хименез. Во нивните случаи Реал Мадрид задржал процент од следните трансфери, што му овозможило дополнително да заработи од нивните преселби.
Овие бројки уште еднаш ја потврдуваат успешната стратегија на Реал Мадрид во работата со млади фудбалери, но и покажуваат зошто Реал нема во првиот тим играчи од својата академија, а нема ни претставници во шпанската репрезентација. Неодамнешното Светско првенство беше прво големо натпреварување на кое Реал немаше ниеден претставник, без разлика што Марк Кукуреља непосредно по почетокот потпиша за „кралскиот клуб“.
Од академијата на Реал, во првиот тим во моментов е само Тијаго Питарх, но и тој во мадридскиот клуб дошол на 16-годишна возраст.