Селтик и Бодо со една нога веќе се во ЛШ

Фудбалерите на Бодо Глимт и Селтик вечерва славеа победи со кои дојдоа многу блиску до место во лигашката фаза од Лигата на шампионите.

Симпатичниот Бодо гостуваше кај НЕЦ во Холандија каде што забележа триуфм од 3-1. Домаќините имаа поголем посед на топката, упатија и повеќе удари меѓутоа не беа најдобри во реализацијата па забележаа пораз.

Резултатот го отвори Фет по 25 минути за во финишот од првиот дел Хелмерсен од пенал да се погрижи за 2-0. Бодо поведе и со 3-0 кога погоди Алесами по пет минути игра во второто полувреме. Конечниот резултат беше поставен во финишиот кога за домаќинот погоди Бишов. 

Најубедлив вечерва беше Селтик кој против ЛАСК дома победи со 3-0. Шкотскиот гигант по првите 45 минути поведе со 2-0 стрелаа Нигрен и Дуран кој постигна гол и во вториот дел.

Во преостанатите два дуели, Хапоел Бер Шева во Букурешт го пречека Сабах од Казахстан и славеше победа со 2-1, додека на дуелот помеѓу Слован Братислава и Целје немаше победник (1-1).