Европскиот шампион се посрамоти, теренот им изгледа како да се – аматерски клуб! (ФОТО)

Фудбалерите на Пари Сен Жермен новата сезона во Лига 1 требаше да ја отворат на домашен терен против Рен, но наместо тоа, шампионот на Франција и Европа ќе мора да игра на гости.

Причината е лошата состојба на тревникот на „Паркот на принцовите“. Според информациите, високите температури предизвикале теренот буквално да изгледа изгорено, па условите не се доволно добри за одигрување натпревар.

Ситуацијата е уште понеобична ако се има предвид дека големи горештини владеат низ цела Европа, но вакви проблеми не се забележани на стадионите на останатите поголеми клубови.

Поради тоа, домаќинствата на двата натпревари ќе бидат заменети. Така, дуелот меѓу Рен и ПСЖ ќе биде преместен на стадионот на Рен, „Роазон Парк“.

Фото: PSG