Таневски го соопшти списокот со фудбалери за Медитеранските игри во Таранто

Македонската фудбалска репрезентација до 20 годиини ќе настапи на Медитеранските игри во Таранто, а во групната фаза ќе се судри против Мароко, Тунис и Турција.

Селекторот Александар Таневски го соопшти списокот со фудбалери на кои ќе смета на дуелите на турнирот.

Голмани: Стефан Јованоски (Млада Болеслав), Чешка, Давид Илоски (Пелистер);

Одбрана: Златко Радески (Тетекс), Адис Мурати (Башкими), Давид Голубов (Детонит), Лука Атанасовски (Тетекс), Андреј Велков (Тиквеш), Андреј Мурџески (Скопје);

Среден ред: Омар Беровиќ (Скопје), Никола Манојлов (Силекс), Виктор Делов (Беласица), Емир Шаботиќ (Детонит), Харун Незировски (Хелсинборг);

Напад: Димитар Данев (Вардар), Салим Арифи (Митровица), Марко Николовски (Охрид Лихнидос), Давид Матески (Охрид Лихнидос), Андреј Стојановски (Скопје);

Македонија го игра првиот меч против Тунис на 22 август, по што следи пресметка со Турција на 24 август, а два дена подоцна ќе се соочи со Мароко.

Фото: ФФМ