Струга го засили нападот со Нигериец! (ФОТО)

Поранешниот македонски шампион Струга промовира ново засилување пред продолжение од сезоната, а станува збор за Даниел Акинлосоту од Нигерија.

Акинлосоту пристинува во Струга од редовите на Монмерексе од Кипар, додека претходно играше и за Аланијаспор од Турција. 

Освен во нападот, фудбалерот од Нигерија може да игра и на позицијат адесно крило.

Струга по три одиграни кола во новата сезона се наоѓа на третата позиција со седум поени во Првата македонска фудбалска лига.

Фото: Струга/Faceboоk