Лукаку удри по Наполи: Ја имав најлошата година во животот!
Лукаку во дресот на Наполи одигра само 102 минути во сите натпреварувања минатата сезона, а проблемите почнаа на подготовките затоа што се повреди, по што имаше и приватни проблеми, но и загрозен статус во клубот поради караницата со Антонио Конте.
„Ова во Турција е ново искуство за мене во кариерата. Ова е најдобро решение за мене зашто сакам да продолжам да играм на врвно ниво. Во Наполи ја имав најлошата година во животот. Лажеа дека не сум во форма. Веројатно тоа го пласираа од Италија за да ме бојкотираат. Јас сум целосно подготвен за игра“, кажа Лукаку.
Фото: Facebook/Fenerbahçe