Романо сподели вести кои се добри за Димитриевски!
Валенсија минатото лето му донесе конкуренција на Столе Димитриевски и македонскиот голман половина од сезоната ја преседе на клупата. Македонецот сакаше и да си оди, но подоцна се среди работата и тој остана и покажа дека заслужува да биде прв голман.
Јувентус го ангажираше Викарио, па Ди Грегорио е на излезна врата. Се поврзуваше со Валенсија, но сега Романо пишува дека Олимпик Марсеј ја презема трката по Италијанецот.
Преговорите меѓу Јувентус и Марсеј се во тек, се преговара за позајмица и се очекува разговорите да завршат успешно.