Казната заврши: Шкендија повторно ќе игра пред публика!
Тетовци ќе ја пречекаат Струга во комплексот „Петар Милошевски“ во Скопје од 19 часот под рефлектори, а публиката ќе може да им даде поддршка во борбата за нова победа во шампионатот.
Шкендија по три одиграни кола во Првата лига има девет освоени бодови и се наоѓа на првото место, додека Струга е трета со седум поени.
Фото: Facebook/Шкендија ФК