Хаос во Торино: Навивач од зад грб „покоси“ ѕвезда на Јувентус (ВИДЕО)

Италијанскиот гигант Јувентус ја одигра последната „контролка“ против резервниот тим пред почетокот на новата сезона, а на теренот во еден момент се случи вистински хаос.

Навивачите масовно втрчаа на теренот и ги почнаа да ги бараат дресовите на омилените ѕвезди. Инвазијата на навивачите беше очекувана, но притоа се случи и еден непријатен момент кога еден од фановите од зад грб го „покоси“ Федерико Гати.

За среќа, Гати не се здобил со повреда, но невнимателниот потег на навивачот можеше да направи проблеми за „Старата дама“.