Почнува ракометниот турнир „Крсте Андоновски“, Охрид го брани трофејот!

Од денеска до 22 август во салата „Билјанини извори“ во Охрид ќе се одржи петтото издание на меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“.

На турнирот ќе настапат осум екипи поделени во две групи, Охрид и Вардар се единствените македонски претставници. Охриѓани го бранат трофејот.

Во групата А се Охрид, Египет У20, Војводина и Загреб.

Во групата Б се Вардар, Олимпијакос, Нексе и Тимо Требње.

Четири дена се игра групна фаза, а петтиот ден е наменет за натпревари за пласман. Победниците од групите играат во финале.

Натпреварите од турнирот „Крсте Андоновски“ ќе може да ги следите на програмата на Арена Спорт Македонија.

Распоредот на натпревари:

Вторник 18 август
16:30 Вардар – Олимпијакос
18:45 Охрид – Египет У20
21:00 Војводина – Загреб

Среда 19 август
16:30 Загреб – Египет У20
18:45 Охрид – Војводина
21:00 Нексе – Тимо Требње

Четврток 20 август
16:30 Војводина – Египет У20
18:45 Олимпијакос – Тимо Требње
21:00 Вардар – Нексе

Петок 21 август
16:30 Нексе – Олимпијакос
18:45 Вардар – Тимо Требње
21:00 Охрид – Загреб

Сабота 22 август
Финален ден