Два меча од 4. коло во ПМФЛ се играат под рефлектори, четири во - необичен термин!
Необични термини за натпреварите од четвртото коло во ПМФЛ. Два дуели се играат во петок, два во понеделник и само еден во сабота.
Колото ќе почне со мечот меѓу Скопје и Тиквеш кој се игра во петок од 17 часот. Истиот ден повторно ќе бидат запалени рефлекторите во Штип, Брегалница од 19 часот ќе го пречека Башкими.
Во сабота од 16:30 часот Шкендија Арачиново ќе игра против Арсими. Тоа е единствениот натпревар тој ден, а во недела нема ниту еден.
Двата дерби меча се во понеделник. Од 17 часот Вардар на Градски ќе го пречека Силекс, а два часа подоцна на терените на ФФМ ќе почне пресметката меѓу Шкендија и Струга ТЛ.
ПМФЛ 4. коло
Петок
Брегалница - Башкими 17:00
Скопје - Тиквеш 19:00
Сабота
Шкендија (А) - Арсими 16:30
Понеделник
Вардар - Силекс 17:00
Шкендија - Струга 19:00