Кансело сакал само во Барса: Бев подготвен една година да не играм фудбал!
Вториот дел од минатата сезона, Кансело го помина на позајмица во Барселона, но по истекот на договорот се врати во Џеда, каде на сите начини се обидуваше да добие „чисти документи“ и повторно да стане член на каталонскиот гигант.
На крајот, тоа и му успеа, а колку бил решителен покажуваат и зборовите што му ги упатил на спортскиот директор Деко, а кои ги откри во разговор за каталонски „Спорт“.
„Мислев дека ќе биде полесно, но на крајот сè се искомплицира. Сепак, сега сум таму каде што сакам да бидам. Една недела тренирав одвоено од тимот. Не му е лесно на еден фудбалер кога нема минутажа. Му реков на Деко: ‘Или доаѓам овде, или останувам таму една година без да играм, а и понатаму ќе земам плата’“, изјави Кансело, истакнувајќи дека вложил големи напори за да го напушти Ал Хилал како слободен играч.
Ал Хилал бараше меѓу 10 и 15 милиони евра за неговото заминување, што го забави остварувањето на желбата на португалскиот фудбалер.
„Најважно е што сум среќен, како и моето семејство. Ова е местото каде што сакам да бидам“, заклучи Кансело, кој во оваа деценија во два наврати настапуваше за Барселона како позајмен фудбалер.
Фото: Barcelona FC