Мурињо ја објасни модрицата на окото: Можеше да биде и полошо (ФОТО)
Набрзо Португалецот откри дека нема ништо сериозно и дека во прашање е само мала повреда која ја заработи на еден од тренинзите кога бил погоден од топка додека носел очила.
„Топка ме погоди во лице за време на еден од тренинзите. Да не носев очила, веројатно немаше да дојде до ова. Можеше да биде и полошо“, објасни Мурињо.
За Реал Мадрид и Шалке, ова беше последниот тест пред стартот на новата сезона. Натпреварот имаше и посебно значење бидејќи се одигра по повод 25-годишнината од изградбата на „Велтинс Арена“ во Гелзенкирхен.
Jose Mourinho’nun gözünün altındaki morluk dikkat çekti. 👀 pic.twitter.com/jcWah69Gwb
— EPL Günlükleri (@EPL_Gunlukleri) August 16, 2026