Ѓоковиќ ги откри плановите: Србинот кажа кога сака да ја заврши кариерата!

Наскоро ќе биде објавен документарниот филм за животот и кариерата на еден од најдобрите тенисери во историјата, Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ минува низ тежок период, откако доживеа неколку тешки порази, но не планира лесно да се предаде, а во разговор со шпанските медиуми откри дека сака да ја заврши кариерата на Олиписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.

„Мислам дека настапот во Лос Анџелес ми е сон, но и голема желба. Кажав неколку пати досега дека сакам да стигнам до Олимписките игри во 2028 година, но ќе видиме што ќе се случи и како ќе реагира моето тело. Денес не играм и не се натпреварувам на неколку турнири, а така се решив зашто сакам да бидам посветен на различните улоги кои ги имам во животот како татко, сопруг, син или брат. Моја желба е да стигнам до Олимписките игри во Лос Анџелес, со српско знаме на рамениците и така да ја завршам кариерата“, кажа Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер досега во кариерата освои 101 титула, од кои дури 24 пехари се од гренслем-турнирите.

Фото: Facebook/Cincinnati Open