Јувентус потроши 20 милиони евра на засилување во одбраната! (ФОТО)

Поранешниот италијански шампион Јувентус го составува новиот тим за следната сезона во која ќе влезе со големи амбиции, а најново засилување е дефанзивецот Џон Лукуми.

Лукуми потпиша договор на четири години, а ќе добива плата од три милиони евра по сезона, додека Јувентус за неговиот трансфер ќе плати вкупно 20 милиони евра.

Дефанзивецот имаше повеќе понуди ова лето, и тоа од Нотингем Форест, Сандерленд, Њукасл и Комо, но на крајот реши да го облече дресот на „Старата дама“.

Колумбиецот ја почна кариерата во неговата татковина, по што блесна во Генк, а тоа му овозможи да направи трансферо во Болоња.

Фото: www.juventus.com/