На повидок е предавство за УЕФА: Една голема федерација останува со Инфантино?!

По низата лоши потези на Џани Инфантино, се чинеше дека растат шансите за негова смена на гласањето во март. Европските сојузи еден по еден му откажуваа послушност на Инфантино и застануваа на страната на УЕФА. Сепак, една голема федерација би можела да ги предаде останатите и да застане на страната на Инфантино.

Станува збор за француската од каде што Филип Дијало, претседателот досега молчи по ова прашање и сè уште официјално не ја повлекол поддршката за Инфантино. УЕФА стравува дека Франција ќе го изневери планираниот бојкот и дека Дијало е новиот најдобар пријател на Инфантино.

Во меѓувреме, француската територија Нова Каледонија, која главно гласа во согласност со Франција, објави соопштение во кое го поддржува Инфантино.

Новинарот Ромен Молина, во видеото со наслов „Француското предавство“, истакнува дека Дијало делува самостојно при донесувањето одлуки и дека останатиот дел од извршниот одбор на федерацијата не е информиран.

На УЕФА ќе ѝ бидат потребни 106 гласа против Инфантино од вкупно 211 членки за да биде сменет актуелниот претседател на ФИФА. Европа има 55 членки.

Фото: УЕФА/ФИФА