Георгина ќе го „одере“ Роналдо во случај на развод - ќе добие еден куп пари и луксузна вила!
Португалската ѕвезда и Георгина се венчаа на приватна церемонија во луксузна вила вредна околу 30 милиони евра, а на веселбата биле присутни мал број луѓе.
Договорот кој го потпишале Роналдо и Георгина на 10 август се појави во јавност, а според него тие се решиле секој од нив да го задржи тоа што ќе го заработи или добие во време на бракот.
Доколку се разведат, тогаш секој од нив ќе си го задржи имотот кој се води на негово име, додека ќе се дели сè останато кое е веќе на двете лица, па така ќе се заштитат правата на двете лица.
Португалските медиуми, сепак, откриваат дека во договорот има точка според која Георгина во случај на развод ќе добива 100.000 евра месечно. Тоа било договорено по раѓањето на нивната ќерка, со цел таа и децата да биде финансиски сигурни.
Покрај тоа, лускузната вила во Мадрид, чија вредност е проценета на шест милиони евра ќе биде препишана на име на Георгина.
Isplivao predbračni ugovor Ronalda i Georgine! pic.twitter.com/WCMcheZVxX
— FantomBeograda (@FantomBeograda) August 14, 2026
Фото: Instagram/georginagio