Сениорките ги надиграа младинките во „контролка“ во пет сетови

Сениорската одбојркарска репрезентација на Македонија триумфира со 3-2 во сетови, односно 27:29, 25:21, 23:25, 25:15, 15:7 против селекцијата до 20 година на подготовките.

Најдобрите македонски одбојкарки со оваа средба ја темпираат формата за настапот на Медитеранските игри во Таранто, додека младинките покажаа дека се подготвени за Зонските квалификации за Европското првенство (ЕП) во 2027 година.

Двете селекции ќе одиграат уште еден тренинг-натпревар во текот на утрешниот ден.

Фото: Одбојкарска федерација на Македонија