Македонија се врати од „минус 18“ и со пресврт ја прегази Унгарија

Македонската кадетска кошаркарска репрезентација славеше против Унгарија со 95-76 и обезбеди борба за 13. позиција на Европското првенство (ЕП) во Б-дивизија.

Македонија имаше лош почеток на натпреварот, а посебно Унгарија беше разиграна во втората четвртина кога стигна до предност од +18 (51-33).

Нашите кадети почнаа да се будат во вториот дел кога ја анулираат негативата, а потоа со одлична игра во последните 10 минути стигнаа до убедлив триумф од 95-76.

Најефикасен во македонскиот тим беше Шабани со 24 поени и 11 скокови, додека Котевски запиша 22 поени.

Фото: КФМ