Турците збеснаа, Галатасарај на ривалите може да им одговори со - Василије Костов!
Според информациите на турскиот новинар Ферхат Кизилташ, Галатасарај испратила понуда од 25 милиони евра за фудбалерот кој има македонско потекло и чека одговор од Звезда.
И претходно во турските медиуми се пишуваше за интересот на Галатасарај за Костов, но досега немало вака конкретна понуда.
🟡🔴 ÖZEL | Galatasaray, Kızılyıldız’ın 18 yaşındaki 10 numarası Vasilije Kostov için 25 milyon Euro + sonraki satıştan %15 pay teklif etti.
— Ferhat Kızıltaş (@ferhat_kiziltas) August 12, 2026
Pazartesi günü yapılan teklif için yanıt bekleniyor. pic.twitter.com/9n9i63wRwp
Доколку навистина е понудена оваа сума, станува збор за понуда која на „Маракана“ тешко би можеле да ја одбијат за еден од најголемите бисери на клубот. Сепак, постои еден сериозен проблем кој би можел да го закочи трансферот.
Прашање е дали Звезда воопшто би прифатила понуда од Галатасарај, со оглед на исклучително лошите односи меѓу навивачите на двата клуба.
Причината за тоа е убиството на навивачот на Црвена звезда, Марко Ивковиќ, во Истанбул, по што ривалството меѓу навивачките групи сериозно се заостри.
Токму затоа, и покрај огромната финансиска понуда, евентуалниот трансфер на Костов во Галатасарај би можел да биде многу покомплициран од обичен договор меѓу два клуба.