Лејкерс доби нови газди: Клубот продаден за рекордни 12 милијарди долари!

Еден од најдобрите клубови во НБА-лигата, Лос Анџелес Лејкерс повторно ги смени сопствениците и тоа за неверојатна сума која претставува рекорд.

Американските бизнисмени Џош Кушнер и Боб Ајгер постигнаа договор за преземање на Лејкерс за повеќе од 12 милијарди долари.

Кушнер и Ајгер претходно биле заинтересирани за можноста за проширување на НБА во Лас Вегас, меѓутоа се премислиле и решиле да купат еден од најпознатите клубови.

Интересно е тоа што Лејкерс и минатата година постави рекорд, кога Марк Волгер го презема клубот од семејството Бас за сума од 10 милијарди долари.

Фото: Facebook/Los Angeles Lakers