Шкендија подготвена за Хибернијан: Тешка недела е зад нас, утре мора да бидеме на највсоко ниво!

Екипата на Шкендија денеска ја одржа прес-конференција пред утрешниот реванш натпревар против Хибернијан кој ќе се игра на „Тодор Проески“ од 20:00 часот.

На првиот натпревар во Шкотска, Шкендија загуби со 2-1, но покажа дека има капацитет да се носи со квалитетниот противник.

„Зад нас е тешка недела, имавме тежок натпревар во Шкотска, па игравме со Вардар во првенството. Среќни сме што победивме пред реваншот, се обидовме и да поштедиме неколку фудбалери, секако дека утре сакаме да победиме и да одиме во плеј-офот“, изјави Положани.

Покрај тренерот Положани за новинарите зборуваше и Александер Трумчи.

„По победата над Вардар, атмосферата е на повисоко ниво, но веднаш по тој дуел се фокусиравме на подоготовките за Хибернијан. Игравме добро во Шкотска и заслуживме подобар резултат, се надевам дека утре ќе бидеме на највисоко ниво и ќе дојдеме до позитивен резултат“, истакна Трумчи.