Меси собра сили да се огласи - скршен од болка најави и крај на кариерата!
Аргентинецот во своето обраќање откри дека состојбата на неговиот татко се влошила непосредно пред почетокот на Мундијалот, но тој верувал и се надевал дека ќе може да гледа барам еден натпревар, меѓутоа тоа не се случи, иако Аргентина стигна до финалето.
Тато, сè уште не можам да поверувам дека си замина. Не паѓам, или подобро кажано, не сакам да паднам. Многу ми е тешко да замислам дека повеќе нема да те гледам, дека повеќе нема да разговараме. Знам дека страдаше и дека вака е најдобро, но замина прерано. Сè уште имавме многу нешта заедно да уживаме.
Толку многу ме молеше да играм на последното Светско првенство, а токму во деновите пред неговиот почеток ти се влоши состојбата. Тоа беше првпат да не бидеш на еден турнир, но мама ми кажа дека ќе ти биде подобро и дека ќе бидеш доволно добро за да патуваш. Ти реков дека ќе стигнеме до финалето за да можеш да дојдеш.
По завршувањето на секој натпревар го чекав и ми недостасуваше твојот поздрав. Тогаш сфатив дека ситуацијата навистина е сериозна. Сепак, не престанав да размислувам да стигнеме што подалеку, да ти купам време и да можеш да гледаш еден натпревар. Стигнавме до финалето, а ти не можеше да бидеш таму.
Сакав да го освоиме за да ти го однесам и да ти покажам нов трофеј. Не успеав; нозете повеќе не ме слушаа. Овојпат се обидов да одам против своето тело, но не можев. Никогаш не успеав да се чувствувам добро.
Состојбата на таткото на Меси била толку лоша што тој воопшто и не знаел на кој начин Аргентина го загубила финалето од Шпанија.
Кога пристигнав, мислеше дека го загубивме финалето на пенали. Не успеавме да разговараме за сè што се случи. Не можеше да уживаш во ништо. Не станавме шампиони, но немаш поим колку уживавме во секој натпревар. Повторно беше во право: морав да бидам таму и да играм.
Ти го кажувам ова затоа што тоа беше единственото нешто за кое не успеавме да разговараме, бидејќи за сè друго веќе знаеш. Разговаравме секој ден и се гледавме кога и да можевме, со оглед на моите обврски.
Колку многу е Меси погоден од големата загуба покажува и тоа што во овој момент не е сигурен дека ќе игра фудбал уште долго.
Не знам што ќе правам без тебе, не знам како да продолжам. Единствено што правев беше да играм фудбал, а сега имам многу дилеми дали воопшто ќе продолжам да го правам тоа уште долго.
Беше покрај мене од самиот почеток; толку малку остануваше до крајот. Зошто не можеше да издржиш уште малку, за да завршиме заедно?
Знам дека твојата среќа беше да го гледаш твоето семејство добро, твојата сопруга, твоите деца, а пред сè, без другите да знаат, да ме гледаш мене како играм…Секогаш беше така уште од кога бев мал. Ме носеше на сите тренинзи веднаш штом ќе се враќаше од работа. На многу од нив ме носеше мама затоа што ти работеше.
Секако, никогаш не пропушти ниту еден натпревар. Колку страдаше додека ме гледаш и колку уживаше, иако никогаш не ми даваше многу комплименти.
Беше татко, пријател и мој претставник.
Секогаш беше личноста што требаше да бидеш во секој момент и никогаш не грешеше. Освен неколкуте забелешки или расправии, секогаш беше во право. На крајот, секогаш излегуваше онака како што велеше ти.
Многу ќе ми недостигаш, но секогаш ќе бидеш присутен, особено во воспитувањето на моите деца, бидејќи ги учам и ги воспитувам на начинот на кој вие двајцата ме воспитавте мене.
Почивај во мир и чувај нè одозгора, како што нè чуваше и овде долу. Ти благодарам за сè.
Те сакам, тато.