Ѓоковиќ го дозна патот до титулата во Синсинати – почнува против анонимус!

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, го дозна патот до евентуалниот четврти трофеј на мастерсот во Синсинати, каде што како четврти носител ќе биде слободен во првото коло.

Тој во второто коло ќе игра против подобриот од пресметката меѓу Аргентинецот Тијаго Агустин Тиранте и Британецот Јан Чоински, а веќе во третата рунда конкуренцијата би можела значително да се засили, бидејќи потенцијални противници на Србинот се Џек Дрејпер, Матео Арналди и Мартин Ландалуче.

Ако успешно ја мине и оваа пречка, во осминафиналето би можел да се сретне со Чехот Јакуб Меншик или Италијанецот Лучано Дардери, додека проектиран противник во четвртфиналето му е Австралиецот Алекс де Минор. Според ждрепката, најголемиот предизвик пред евентуалното финале би требало да биде Александер Зверев. Германецот е потенцијален противник на Ѓоковиќ во полуфиналето.

Во другата половина од ждрепката се наоѓаат Феликс Оже-Алијасим, Данил Медведев, Тејлор Фриц, Бен Шелтон и Лоренцо Музети, па со некој од нив Ѓоковиќ би можел да се сретне единствено во борбата за трофејот. Синсинати е турнир на кој Србинот има одлични резултати. Досега трипати го освојуваше трофејот, во 2018, 2020 и 2023 година, а неговиот вкупен биланс на турнирот изнесува 45 победи и 12 порази.

Мастерсот во Синсинати ќе се игра од 13 до 23 август.