Нов скандал: Инфантино ја „купил“ поддршката на Мексико
На адресата на Фудбалскиот сојуз на Мексико пристигнаа тешки обвинувања дека прифатиле тајни отстапки и погодности за да дадат поддршка на актуелниот претседател на ФИФА.
Новинарот Мартин дел Паласио објави дека челници на фудбалскиот сојуз, предводени од Микел Ариола, застанале покрај Инфантино затоа што им ветувал историска преселба.
Планот бил да се напушти матичната конфедерација на Северна и Централна Америка (КОНКАКАФ) и да се спои со јужноамериканската конфедерација (КОНМЕБОЛ).
Овој потенцијален трансфер во Мексико би се доживеал како профитабилен чекор, во финансиска, но и спортска смисла.
Главната причина за овој радикален пресврт е во нарушените односи и несогласувања меѓу раководстватга на мексиканскиот сојуз и челниците во КОНКАКАФ.