Араухо не е единствен: Уште еден дефанзивец ја напушта Барселона
Медиумите од Шпанија пишуваат дека Жил Кунде е следен кој ќе ја напушти Барселона, а негова следна дестинација ќе биде Арсенал.
Барселона наводно е подготвена да го продаде Кунде доколку пристигне примамлива понуда од „топчиите“.
Кунде има договор со Барселона до 2030 година, а неговата вредност во моментов се проценува на 60 милиони евра.
Фото: Facebook/FC Barcelona