Киву сака англиски репрезентативец: Интер ќе плати 30 милиони евра плус бонуси

Италијанскиот шампион Интер е блиску до ангажирање на уште едно засилување, откако преговорите со Тотнем за Џед Спенс се во завршна фаза.

„Газета дело Спорт“ пишува дека клубовите направиле сериозен чекор кон договор, па Интер би можел да плати 30 милиони евра плус бонуси за трансферот.

Спенс во Интер треба да има важна улога по заминувањето на Дензел Думфрис, а предност кај Англичанецот е тоа што може да игра на двете страни од теренот.