Вестбрук пред сензационален трансфер во Европа!

Американскиот ветеран Расел Вестбрук наскоро би можел да го напушти САД и да се пресели во Европа, откако еден евролигаш покажал сериозен интерес за услугите на НБА-ѕвездата.

„Атлетик“ пишува дека Вестбрук почнал преговори со екипата на Хапоел Тел Авив, што е напредок кон идејата за преселба во Европа, иако Американецот претходно ги игнорираше евролигашите.

Вестбрук минатата сезона ја помина во редовите на Сакраменто кингс и на 64 натпревари во просек постигнуваше по 15,2 поени, 6,7 асистенции и 5,4 скокови.