Историја на мастерсот во Монтреал - за старците веќе нема место во светскиот тенис!

Смената на генерациите во светскиот тенис веќе не е само најава, туку реалност, откако мастерсот во Монтреал донесе историски момент со тоа што за првпат на еден турнир од серијата 1000 сите осум четвртфиналисти се родени по 2000 година.

Највозрасниот меѓу нив е Американецот Брендон Накашима, кој е роден во 2001 година. Веднаш зад него се Бен Шелтон и Лучано Дардери, двајцата родени во 2002 година. Генерацијата 2004 ја претставуваат Французинот Артур Фис и новата шпанска надеж Даниел Мерида, додека уште помлади се Лернер Тиен и Јакуб Меншик, кои се родени во 2005 година. Најмлад во четвртфиналното друштво е Шпанецот Рафаел Ходар. Тој е роден во 2006 година и на 17 септември ќе го прослави својот 20. роденден.

Ваквиот состав на четвртфиналето претставува уште една силна потврда дека светскиот тенис влегува во нова ера. По долгогодишната доминација на Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер, а потоа и пробивот на генерацијата предводена од Карлос Алкараз и Јаник Синер, на големата сцена сè посилно притиска нов бран млади тенисери.