Лукаку пред нов трансфер: Турски гигант испрати понуда до Наполи
Белгискиот напаѓач веќе ги договори личните услови со Фенербахче, но се чека договор меѓу клубовите.
Во текот на сениорската кариера, Лукаку постигна 316 голови на 681 натпревар, а во минатото играше за екипи како Челси, Евертон, Манчестер јунајтед и други.
За неговиот потпис досега клубовите потрошија околу 376 милиони евра, па пред него е само Нејмар кој бил платен дури 400 милиони евра вкупно.
Фото: Facebook/SSC Napoli