Фудбалска лудница во Чешка: Теплице и Викторија Пилзен постигнаа десет гола (ВИДЕО)

Неверојатен натпревар беше одигран во третото коло од чешкото првенство, каде што Теплице и Викторија Пилзен ремизираа со спектакуларни 5-5. Во мечот беа постигнати дури десет гола, а пресврти имаше во текот на сите 90 минути.

Гостите од Пилзен имаа фантастичен старт и по само десет минути водеа со неверојатни 3-0. Хрошовски погоди во првата минута, Кабонго зголеми на 2-0 во третата, а Двех во десеттата минута донесе огромна предност за својот тим.

Но, Теплице експресно се врати во натпреварот. Маречек во 12. минута и Радоста во 21. намалија на 2:3, но Видра во 28. минута повторно ја зголеми предноста на гостите. До паузата паднаа уште два гола. Чермак во 35. минута намали на 3-4, па Викторија Пилзен на одмор замина со предност. Во првото полувреме беа постигнати дури седум гола. Во вториот дел следуваше нов пресврт. Аута во 54. минута израмни на 4:4, а само пет минути подоцна Фортелни го комплетираше пресвртот и му донесе водство на Теплице од 5-4. Сепак, Викторија Пилзен не се предаде. Вишински во 68. минута погоди за 5-5 и го постави конечниот резултат.

До крајот немаше нови голови, иако гостите останаа со десетмина по црвениот картон на Крчки во 88. минута. По три одиграни кола, Теплице има седум бодови и се наоѓа на третото место, додека Викторија Пилзен со само два бода е на 11. позиција.