Огнен Јаков влезе во историјата на Вардар како најмлад дебитант! (ФОТО)

Македонскиот шампион Вардар денеска се соочи против Шкендија на Арената во Скопје, а 16-годишниот Огнен Јаков се запиша во историјата.

Јаков на крајот на јуни наполни 16 години, а денеска доби шанса на теренот да го покаже неговиот квалитет на теренот, откако претходно блесна во дресот на помладите пионери на Вардар.

Тренерот Фабијани реши да му даде шанса во првиот тим на Вардар во големото дерби, откако претходно во првото коло против Брегалница (2-0) беше на клупата за резерви.

Младото момче претходно имаше неверојатна сезона за помладите пионери на „црвено-црните“ и постигна 41 гол во првенството и осум во Купот.

Јаков претходно за сениорскиот тим на Вардар настапи против аматерската екипа на Умбрија (2-1) на подготовките во Италија.