ФБИ откри шокантни детали: Било планирано убиство на Меси на СП
Федерално истражно биро (ФБИ) и Меѓународниот центар за полициска соработка (ИПЦЦ) евидентирале повеќе закани по живот на капитенот на Аргентина.
Една од најсериозните била пред мечот меѓу Аргентина и Јордан, кога еден маж го контактирал аеродромот во Далас и тврдел дека заедно со уште две лица ќе влезат со бомби и пушки за да го убијат Меси.
Уште посериозна закана се појавила пред Аргентина – Египет, кога друго лице на социјалните мрежи била објавена порака во која се тврдело дека ќе влезе на стадион и ќе го убие Меси со бомба, поради што морала да биде извршена детална проверка на стадионот.
Фото: AFA - Selección Argentina