Брегалница покажа ново лице - го растури Арсими!

Под блесокот на рефлекторите во Штип, Брегалница одигра одличен натпревар и со високи 4-0 ја совлада екипата на Арсими забележувајќи ја првата победа во новата сезона.

За разлика од мечот против Вардар во Скопје кога Брегалница изгледаше немоќно, овојпат штипјани изгледаа многу поинаку.

Новото засилување Максимов покажа дека е фудбалер кој ја прави разликата во нашето првенство. Токму по негова асистенција во 10. минута Стојанов донесе водство од 1-0.

Во 28. минута Максимов постигна гол со глава за предност на Брегалница и од 2-0. Со тој резултат се замина на одморот.

По пет минути игра во вториот Стојанов го постигна својот втор гол на натпреварот за веќе убедливо водство на Брегалница од 3-0. Во овој момент беше јасно кој ќе ги освои трите бода.

Конечните 4-0 ги постави Тасев со гол во самиот финиш од натпреварот.