Неверојатно: Шпанскиот Суперкуп следната година ќе се одигра во - Истанбул!?
Според неговите информации, турнирот е планирано да се одигра на почетокот на февруари, а Турција е избрана како алтернативен домаќин откако Саудиска Арабија не можела да ја организира завршницата поради преклопување на термините со Азискиот куп. Поради тоа, Шпанската фудбалска федерација морала да побара нова локација за одржување на натпреварувањето, а изборот паднал токму на Истанбул.
Доколку не дојде до промени, љубителите на фудбалот ќе гледаат две спектакуларни полуфинални пресметки. Атлетико Мадрид ќе игра против Барселона, додека Реал Мадрид ќе се соочи со Реал Сосиедад. Победниците од овие дуели ќе обезбедат место во финалето.
Во наредниот период се очекува Шпанската фудбалска федерација официјално да ја потврди одлуката, како и точните датуми и организациските детали за турнирот.