Неверојатна разлика: Промоцијата во Премиер лигата 17 пати повредна од титулата во Серија А

Финансиската моќ на англиската Премиер лига уште еднаш ја потврди својата доминација во европскиот фудбал, а најновите бројки откриваат навистина неверојатен контраст.

Според пресметките објавени од релевантни финансиски институции, шампионот на Чемпионшип, Хал ќе инкасира околу 295 милиони долари благодарение на промоцијата во Премиер лигата, преку загарантирани приходи од телевизиски права, комерцијални договори и таканаречените „падобрански исплати“ доколку клубот испадне од елитата.

За споредба, италијанскиот шампион Интер заработил околу 17 милиони долари како награда за освојувањето на титулата во Серија А, што значи дека англискиот клуб ќе добие 17 пати повеќе или речиси 278 милиони долари плус пари, иако само обезбеди место во најсилната англиска лига. Овој податок најдобро ја илустрира огромната финансиска предност што ја има Премиер лигата во однос на останатите европски шампионати. Благодарение на рекордните договори за телевизиски права и маркетинг, дури и новопромовираните клубови располагаат со буџети што во многу случаи ги надминуваат приходите на шампионите во другите водечки лиги.

Поради тоа, пласманот во Премиер лигата одамна се смета за еден од највредните спортски успеси во светот на фудбалот, со финансиски ефект што може целосно да ја промени иднината на еден клуб.